Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со 1:2 на гостувањето кај Штутгарт во рамки на 23-то коло во Бундеслигата.
Со триумфот, баварците се израмнија со Борусија Дортмунд на лидерската позиција на табелата, двете екипи имаат по 49 бода, но шампионот има подобра гол разлика од Милионерите.
Штутгарт остана на 15-та позиција со 19 освоени бодови во 23 натпревари, и до крајот на сезоната го очекува борба за опстанок.
DE LIGT'S GOAL 🔥🔥🔥 https://t.co/J1Yil4qIga
— Bayern & Football (@MunichFanpage) March 4, 2023
Баерн поведе со голот на Матијс де Лихт во 39-та минута, а во вториот дел, Чупо-Мотинг во 62-та минута зголема на 0:2.
CHOUPO-MOTING'S GOAL 🔥🔥🔥 https://t.co/bqUBwGopVk
— Bayern & Football (@MunichFanpage) March 4, 2023
Во последните моменти од средбата, домаќините преку Переа постигнаа гол, но немаа сили да постигнат уште еден и да направат големо изненадување.