Баерн не го отпишува Мане, но не ни тврди дека ќе може да игра на СП!

Баерн Минхен официјално со соопштение објави дека Садио Мане има повреда на  фибулата (коска во потколеницата) на десната нога и дека лекарскиот тим на клубот е во постојана комуникација со колегите од Сенегалската фудбалска федерација.

Од Баерн објавија дека Мане нема да игра на мечот со Шалке, кој е последен за Баварците пред Мундијалот, и дека во следните денови ќе му бидат извршени нови прегледи и тестови, по кои дефинитивно ќе се знае дали ќе може да игра на СП во Катар.

Сенегалскиот селектор Алиу Сисе планира в петок да го објави списокот на патници, па до задутре ќе остане мистерија дали Мане ќе може да игра на СП или не.

- Оглас -

Најнови вести