Баерн Минхен нема да му дозволи на Роберт Левандовски да игра за Полска на трите мартовски квалификациски мечеви за настап на Мундијалот во Катар.
Тоа би значело дека популарниот Лева нема да настапи на „Вембли“ на 31. март, кога Полска ќе и биде гостин на Англија. Последна надеж за најдобриот играч на светот е да попуштат строгите мерки во Германија, кои предвидуваат карантин, ако се престојува во земји што се ризични во пандемијата со Ковид-19.
На списокот на Германците во црвената зона ризчини земји е и Англија, што би значело дека Левандовски би морал да оди во карантин при враќањето во Минхен, односно од 31. март до средината на април.
Тоа е неприфатливо за Баварците, кои ќе играат значајни мечеви во Бундеслигата и Лигата на шампионите, па последна шанса за Левандовски е состанокот на германската Влада и министрите закажана за во четврток.
Тогаш може да се случи да биде донесена одлука да се олабават мерките за задолжителен карантин при враќањето од ризичните земји што ги одреди самата држава, а меѓу нив е и Англија.
Ако остане сегашната ситуација од Баерн најавија дека нема да попуштат што значи дека Левендовски нема да игра за Полска на 25. март на гостувањето кај Унгарија, потоа и со Андора на 28. март на домашен терен и во дербито против Англија, на „Вембли“ на 31. март.