Најголемиот и најтрофеен германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, следното лето или во 2025 година ќе се обиде да го откупи младиот Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Баерн е расположен за Вирц да плати и 120-130 милиони евра. Вирц, кој има 20 години, сезонава игра одлично (6 голови и 10 асистенции на 18 меча) и е еден од најзаслужните што Баер гази и води во Бундеслигата.
Вирц во германската репрезентација игра со многумина фудбалери на Баерн и не би имал проблем да се адаптира, а Баварците во Вирц гледаат совршена замена за Томас Милер, кој е при крај на кариерата.
Вирц во минатото има кажано дека сон му е да игра за Барселона, но ако Чаби Алонсо, кој сега го води Леверкузен, стане тренер на Реал, нема да биде чудно ако одличниот Германец наместо во Барса, заврши во Мадрид.