Баерн не памти ваква очајна серија, но вечерва ќе освои трофеј во меч со 4+ голови

Баерн Минхен како актуелен шампион на Германија и Борусија Дортмунд како освојувач на Купот во земјата вечерва ќе играат во мечот за првиот трофеј во новата сезона. На „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд ќе играат двата најтрофејни клубови во земјата, што е доволен знак за возбудлив меч.

Двете екипи имаат проблеми. Борусија на листата на повредени имаат дури 10-мина играчи, додека Баерн има лоша серија од пет натпревари без победа. Баварскиот гигант речиси и не памети низа од пет дуели без победа (четири се на пријателски средби и еден во првенството). На чело на Баерн од пред неколку недели е новиот тренер Јулијан Нагелсман, кој уште чека да се израдува на првиот триумф во новиот клуб.

Традицијата дава верба дека Баерн ќе стигне до првиот трофеј сезонава затоа што гигантот од Минхен ги доби последните пет средби со Милионерите од Дортмунд. Тоа што е посебно интересно е дека кога играат овие ривали, головите се загарантирани. На 11 од последните 14 меча имало барем по четири погодоци, па и сега ако очекуваат да продолжат овие две традиции, Баерн да победи во меч со најмалку четири погодоци, коефициентот во Sport Life е одличен и за 2&4+ е точно 4.50.

Последни 14 меча на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд

Баерн М. – Борусија Д. 4:2

Борусија Д. – Баерн М. 2:3

Борусија Д. – Баерн М. 2:3

Борусија Д. – Баерн М. 0:1

Баерн М. – Борусија Д. 4:0

Борусија Д. – Баерн М. 2:0

Баерн М. – Борусија Д. 5:0

Борусија Д. – Баерн М. 3:2

Баерн М. – Борусија Д. 6:0

Баерн М. – Борусија Д. 2:1

Борусија Д. – Баерн М. 1:3

Борусија Д. – Баерн М. 2:2

Баерн М. – Борусија Д. 2:3

Баерн М. Борусија Д. 4:1

 

- Оглас -

Најнови вести