Баерн не се откажува од Кејн, но веќе има и резервни варијанти

Баерн Минхен има голема желба својот напад да го засили со Англичанецот Хари Кејн, но непопустливоста на Тотенхем и одбивањето на сите досегашни понуди е причина што Баварците почнале да размислуваат за други опции.

Според германските медиуми, ако отпадне ангажирањето на Кејн, Баерн ќе проба да го земе Хулијан Алварес од Манчестер сити на позајмица или Душан Влаховиќ од Јувентус, кој им е алтернатива. Кејн би го чекале и би го зеле во 2024, кога ќе биде слободен, ако биде слободен. Тотенхем му понудил на својот капитен двојно поголема плата за нов договор.

Кејн сака летово да ја смени средината и да оди во клуб со кој би освојувал трофеи, но првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, е познат како тврд преговарач кој не отстапува од своето и не сака да го продаде Кејн за помалку од 100 милиони фунти, сума која не би ја платил никој.

- Оглас -

Најнови вести