Баерн Минхен е веројатно единствениот клуб кој во првиот тим има дури петмина голмани под договор.
Тука се Мануел Нојер (37), Јан Зомер (34), Свен Улрајх (34), Алекс Нубел (26) и Јоханес Шенк (20).
Баерн му има фрлено око и на шести голман, 22-годишниот Гиорги Мамардашвили од Валенсија. Се зборува дека Баерн би му понудил договор на Грузиецот до 2027 година.
Што е многу, многу е, и клубот ќе мора да се ослободи од некои од нив.
Зомер и Нубел сакаат да си одат и да бидат број 1 во друг тим, особено Швајцарецот кој сака редовно да брани за да биде во форма за ЕП следната година. Дилемата кај сите е каква е состојбата на Нојер кој имаше долга пауза, и дали ќе имаат трпение.
Нојер се повреди во декември и од тогаш не бил на голот. Ако е во форма, тој ќе биде главен голман, но на некои од тренинзите во јуни се виде дека има проблеми и не е оној стариот, па на стартот на сезоната би можел да биде резерва.