Баерн не знае што го снајде, водеше со 2-0 и загуби!

Германскиот и европски шампион, Баерн Минхен, претрпе пораз од 2-3 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Ова е прв пораз на Баерн сезонава на меч на кој повеке со 1-0, а да биде нивната трагедија поголема, имаа водство и од 2-0 по 26 минути, но ја прокоцкаа и веќе во 48-та домашните поведоа со 3-2 и ја задржаа предноста до крај.

Баерн на претходните осум меча дозволуваше противниците да поведат, а вечерва прв поведе, и тоа со 2-0, но на крајот загуби.

Борусија и стадионот во Менхенгладбах се црните точки на Баерн во Бундеслигата. Баерн има 22 порази од Борусија Менхенгладбах, што е рекорд, од ниту еден друг тим не загубиле толку многу мечеви. А, и на гостувањата во Менхенгладбах, Баерн традиционално се мачи, има добиено само една четвртина од тие мечеви.

Роберт Левандовски даде гол од пенал, негов 20-ти гол сезонава на 14 меча, но за најдобриот светски фудбалер за 2020 година заврши серијата од три меча по ред на кои даваше по два гола.

- Оглас -

Најнови вести