Баерн Минхен и Лајпциг в среда ќе играат во четвртфиналето од Купот на Германија, иако постоеше опасност мечот да биде одложен поради генералниот штрајк на јавниот превоз во Минхен.
Во Минхен владее „вонредна состојба“ поради штрајкот кој го парализира градот. Стадионот „Алијанц арена“ собира над 70.000 гледачи, а речиси половина од нив на трибините доаѓаат токму користејќи го јавниот превоз.

Од Баерн ги советуваа навивачите за дуелот против Лајпциг кон стадионот да тргнат порано од вообичаеното за да може да го избегнат метежот кој се создава поради штрајкот и неработењето на јавниот превоз.

