Баерн нема да му прави проблем на Флик ако сака да стане германски селектор

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс Дитер Флик, е главен кандидат за преземање на селекторската функција во германската репрезентација, после Европското првенство на кое тимот за последен пат ќе го води Јоаким Лев.

Лев објави дека си заминува од кормилото на Панцерите после ЕП, па веднаш почнаа шпекулации кој би можел да наследи. Прв се спомнуваше Јирген Клоп, но тој ја отфрли идејата и рече дека не планира да си замине од Ливерпул, иако сезонава не му цутат розите. Јулијан Нагелсман од Лајпциг истотака рече дека нема план да биде селектор после Лев, па во прв план изби Флик.

Од Баерн Минхен чиј тренер е Флик, рекоа дека нема да му пречат на Ханси доколку сака да стане селектор. Флик за неполна година со баварците ги освои сите можни трофеи, па можеби ќе се нафати на нов предизвик во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести