35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Баерн нема избор и мора да се вади со убедлива победа, Ливерпул ќе биде ефикасен и без Салах

1242 Хибернијан – Ренџерс (20.45 часот)

Ренџерс води битка со Селтик за титулата во шкотската Премиер лига и вечерва игра еден од двата заостанати натпревари. Ренџерс му гостува на Хамилтон, кој во минатото коло со ремито против Мадервел (2:2) ја прекина мини-серијата од два порази во низа. Ренџерс годинава одигра еден меч и го победи Килмарнок (3:1). Ренџерс славеше на последните четири меѓусебни средби и на сите имаше четири или повеќе голови.

Предлог тип: 2 & 1+ I & 1+ II (2.00)

 

1801 Баерн Минхен – Унион Берлин (20.30 часот)

Баерн Минхен минатиот викенд им приреди непријатно изненадување на своите навивачи губејќи со 0:1 од Вердер и вечерва мора да се вади против Унион Берлин во заостанатиот меч од 13-тото коло.

Унион, кој играше во Лигата на шампионите, игра очајно во Бундеслигата и се наоѓа само една позиција над опасната зона само со 14 освоени бода. Баерн на последните два меѓусебни дуела кои се играа на „Алијанц арената“ оствари убедливи трумфи од 3:0 и 4:0 и вечерва нема избор, мора да победи и да не дозволи Баер Леверкузен да им избега на лидерската позиција.

Предлог тип: 1-1 & 3-6 (1.94)

 

1325 Атлетик Билбао – Барселона (21.30 часот)

Ова е натпревар од четвртфиналето на шпанскиот Кралски куп. Со елиминацијата на Реал Мадрид, Барселона е главен фаворит за триумф, но вечерва игра против тим кој е одличен пред своите гледачи сезонава.

Атлетик Билбао сезонава одигра 12 натпревари во Ла Лига пред своите гледачи и загуби само од Реал Мадрид, додека победи на осум и се наоѓа во серија од пет триумфа на својот „Сан Мамеш“. Пред две години, Атлетик и Барселона играа во осминафиналето на Кралскиот куп во Билбао и победи баскискиот тим со гол во продолжението откако во регуларниот дел беше 2:2.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.06)

 

1115 Фулам – Ливерпул (21.00 часот)

Ова е реванш-натпревар од полуфиналето на Лига купот. Првиот натпревар заврши со триумф на Ливерпул со 2:1 и Црвените се големи фаворити да се пласираат во финалето.

Ливерпул игра без својот најдобар играч, Мохамед Салах, но и нема проблеми со реализацијата. Изминатиот викенд му даде четири гола на Борнмут, а на останатите два меча, на кои исто така играше без Салах, даде по два гола, против Фулам и против Арсенал. Менаџерот Јирген Клоп има одлични офанзивци коишто можат да го надоместат отсуството на Салах. На мечот против Борнмут, Диого Жота и Дарвин Нуњес дадоа по два гола, а тука се и Коди Гакпо и Луис Дијас.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.40)

 

1651 Феенорд – ПСВ Ајндховен (20.00 часот)

Ова е дуел на два од трите најголеми и најтрофејни екипи во Холандија и ќе се игра во рамките на осминафиналето на националниот Куп. ПСВ Ајндховен изминатиот викенд за првпат сезонава не победи во Ередивизијата ремизирајќи со Утрехт (1:1), додека Феенорд е актуелен шампион. Сезонава веќе одиграа еден натпревар на легендарниот стадион „Де Кајп“ во Ротердам и ПСВ победи со 2:1, а на два од последните три меѓусебни дуела и било ГГ 3+ и за очекување е и вечерва двата тима да продолжат во ист ритам.

Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.74)

- Оглас -

Најнови вести