Баерн нема „лек“ за Леверкузен, Борусија дополнително избега на врвот

Баерн Минхен загуби во дербито кај Баер Леверкузен со 3:1, иако гостите на полувремето имаа водство. За актуелниот германски првак ова е четврти пораз сезонава, колку што имаше целата претходна сезона. Леон Горецка погоди за водство на Баерн, но домаќините не се предадоа. Во второто полувреме Бејли даде прекрасен погодок од слободен удар и израмни на 1:1 во 53 минута, а само 10 минути подоцна, со погодокот на Воланд, Баер Леверкузен стигна до водство од 2:1. Сите надежи на Баерн згаснаа во 87 минута, кога „фармацевтите“ со погодокот на Аларио стигна до предност од 3:1.

Поразот на Баерн го искористи лидерот Борусија Дортмунд. „Милионерите“ одиграа 1:1 на гостувањето во Франкфурт кај Ајнтрахт, но и со еден освоен бод, ја зголемија предноста на врвот на табелата во однос на големиот ривал.

Резултати: Баер Леверкузен – Баерн Минхен 3:1, Ајнтрахт – Борусија Дортмунд 1:1, Херта – Волфсбург 0:1, Хофенхајм – Фортуна 1:1, Нирнберг – Вердер 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести