Баерн оди кон титула: 72 гола на 24 меча, само еднаш во историјата биле поефикасни

Баерн Минхен сезонава ги „меле“ ривалите во германското првенство, во првите 24 кола Баварците имаат постигнато дури 72 гола. Ова е втор најдобар учинок на Баерн во историјата, после оние рекордни 75 гола во 24 меча во Бундеслигата во сезоната 2021/2022.

Од овие 72 гола, 21 ги постигна Хари Кејн кој ја чека првата титула во кариерата, а втор стрелец е Џамал ​​Мусијала со 11 голови.

Втор тим според ефикасноста после Баерн е Баер Леверкузен. Актуелниот шампион е на 11 бодови зад Баерн, а постигна 51 гол на 23 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести