Баерн оди по победа против тим кој од ноември нема домашен пораз

6003 Челзи – Реал Мадрид (21.00 часот)

Во минатата сезона Челзи го елиминира Реал, па сега мотивите се на страна на Шпанците, кои во мечот влегуваат и во подобро расположение, за разлика од Сините, кои викендов неочекувано доживеаја катастрофа дома против Брентфорд. Челзи нема да смета на Чилвел, а кај Реал ќе ги нема резервите Азар (некогашна ѕвезда на Челзи), Јовиќ и Иско. Лани во Лондон беше 2-0 за Челзи, веројатно и сезонава ќе се тактизира, особено што сега е прв меч од двомечот, па не би требало да има премногу погодоци.

Предлог тип: 1-3 гола (1.40)

 

6004 Вилјареал – Баерн Минхен (21.00 часот)

Во ова четвртфинале, голем фаворит на хартија е Баерн, но и Јувентус беше сигурен дека ќе го елиминира Вилјареал во осминафиналето, па беше изненаден. Жолтата подморница не се плаши од никого, но Баерн ретко кога простува. Единствените меѓусебни дуели на овие тимови беа пред 11 години и Баварците и дома и на гости победија со по два гола разлика. Вилјареал на свој терен не загубил уште од ноември, па дојде време таа низа да биде прекината.

Предлог тип: 2 (1.60)

 

1001 Барнли – Евертон (20.30 часот)

Барнли има низа од четири порази по ред и на сите овие четири меча не успеа да даде гол. Претпоследни се во Премиер лигата и тешко дека ќе изборат опстанок, особено ако не победат вечерва. Евертон има четири бода повеќе, па овој меч е своевидно дерби за опстанок. И Карамелите се во лоша форма, имаат една победа и пет порази во последните шест кола. На последните три меѓусебни дуели, двата тима даваа гол. Евертон уште од август нема гостинска победа во Премиер лигата.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.78)

 

1801 Аугсбург – Мајнц (18.30 часот)

Аугсбург во последните три кола извојува две победи и покажа дека планира жестоко да се бори за опстанок во Бундеслигата. Аугсбург е 14-ти, со три бода плус во однос на 16-тата Арминија и претпоследната Херта, па нови три бода вечерва многу би им значеле. Мајнц е безбеден на десетто место, а игра променливо, во претходните три кола имаше победа, пораз и реми. Мајнц има само пет нерешени резултати сезонава. Мајнц во 2016 година последен пат победи во Аугсбург, оттогаш сите мечеви ги доби домаќинот.

Предлог тип: & 2-4 (2.60)

 

1017 Мидлсборо – Фулам (20.45 часот)

Домашните се борат за што подобро место во плејофот за влез во Премиер лигата, а Фулам благодарение на историски рекордниот број на голови кои ги постигна Митровиќ, цврсто го држи првото место во Чемпионшип. Двата тима освоија по 10 бода во последните пет кола. Мидлсборо нема примено гол веќе четири кола по ред, но Фулам има дадено 92 гола на 38 меча. Последните пет меѓусебни дуели на овие екипи беа неефикасни, со 0-2 гола, но веруваме дека и едните и другите може да постигнат гол.

Предлог тип: ГГ (1.75)

- Оглас -

Најнови вести