Баерн Минхен планира да го купи најдобриот и најскап играч на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, и за него ќе направи исклучок од политиката што ја најави да не троши 100 или повеќе милиони евра за ангажман на фудбалери.
Кризата со Коронавирусот е голема и ги погоди сите, па и моќниот Баерн, но талент како Хаверц не се пропушта. Особено што има само 20 години, а игра во континуитет неверојатно добро и веќе има и 8 настапи за германската репрезентација.
Офанзивецот на Баер е еден од најголемите таленти во Европа, а сезонава со шест гола и пет асистенции е втор на клупски план во двете категории, зад Кевин Воланд.
Баер Леверкузен истакна цена за Хаверц и таа изнесува точно 100 милиони евра, а самиот играч најави дека сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен.
За 20-годишниот офанзивен играч на популарните Фармацевти заинтересиран е и Арсенал, но и уште неколку големи европски клубови.