Баерн остана без Давид Алаба

Баерн Минхен извесно време ќе биде без услугите на Давид Алаба, откако левиот бек вчера скинал мускул во бутот од левата нога. Австрискиот репрезентативец со повредата се здобил непосредно пред почетокот на дербито против Лајпвиг, во кое Баварците ремизираа при конечни 1-1.

Ковач во последен час го вметна Боатенг во стартните 11, додека Лукас Ернандес принудно имаше на левабата бековска позиција. Првичните прегледи ја потврдија повредата, а допрва ќе се знае колку Алаба ќе биде отсутен од активности.

Клучниот играч на Баерн дефинитивно отпадна од комбинација за стартот на Лигата на шампионите, каде што во првото коло германскиот првак ќе го пречека тимот на Црвена ѕвезда на „Алијанц арена“ во среда навечер.

- Оглас -

Најнови вести