Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, заработи кинење на мускулно влакно на листот по победата од 003 на гостувањето кај Вердер. Ветеранот беше заменет на полувремето, а денеска од клубот ја потврдија повредата.
Се очекува Германецот да паузира околу три недели, пренесува „Билд“. Речиси сигурно ќе го пропушти натпреварот со Борусија Дортмунд за две недели, а шансите да биде подготвен за „Дер Класикер“ се оценуваат како многу мали.
Нојер ќе биде заменет од Јонас Урбиг, додека алтернатива на младиот голман ќе биде Свен Улрих.

