Баерн остана без Вирц, но ќе купи ѕвезда на ПСЖ?!

Баерн Минхен се засили со Џонатан Тах, а сега планира да ја освежи и офанзивната линија со некоја млада европска ѕвезда.

Баварците не успеаја да го потпишат Флоријан Вирц кој е на пат кон Ливерпул, но бркаат неколку пеколни имиња.

Прв на листата на желби кај Баерн е Бредли Баркола од Пари Сен Жермен. Баварците се надеваат дека ќе успеат да го убедат да дојде, бидејќи му гарантираат повеќе време за игра на левата страна, наместо Лерој Сане и Кингсли Коман, кои се на излезна врата од „Алијанц Арена“. Баркола во ПСЖ стана резерва по „експлозијата“ на Дезире Дуе.

Ако 22-годишниот Баркола го одбие Баерн, германскиот гигант ќе се обиде да го купи Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. Шпанскиот репрезентативец сè уште не се договорил со ниту еден клуб, па Баерн е сериозна опција, иако проблем е платата што ја бара Нико.

Постои и друг список, или план Ц, на кој се Рафаел Леао, Коди Гакпо и Каору Митома. Но, Баерн потенцијално ќе ги разгледа само ако не успеат да ги потпишат ни Баркола ни Вилијамс како поддршка за нападот на Баерн во кој „бетонирани“ се Олисе, Мусијала и Кејн.

- Оглас -

Најнови вести