Баерн Минхен пак ја полни мрежата на Барселона и води со 2:0 на „Камп ноу“ по првото полувреме, кое е шокатнтно за шпанските екипи.
На свој терен со 1:2 губи и Атлетико Мадрид од Баер Леверкузен, па ако Јорганџиите на успеат да направат пресврт, ќе бидат елиминирани во првата фаза во Лигата на шампионите, исто како Барселона, која нема шанси за осминафинале без разлика дали ќе успее да приреди чудо и го победи Баерн.
Баварците само пред 2 години, на 14 август го декласираа денешниот ривал со 8:2, а и денеска тргнаа моќно и со головите на Мане и на Чупо Мотинг водат со 2:0.
What a goal from Mane, Barcelona is totally finished pic.twitter.com/nldPdoYZLz
— Yanks (@Yanks_Uchiha) October 26, 2022
Атлетико мора да го победи Баер, а ако не успее, Шпанците ќе останат само со еден тим во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, актуелниот првак Реал Мадрид.
Барса е веќе испадната, а на прагот да бидат елиминирани во фазата по групи се и Атлетико и Севилја.
Изненадување по првото полувреме прави и Спортинг Лисабон, екипа што води во Лондон против Тотенхем со 1:0.
https://twitter.com/PremierLeagueSZ/status/1585352038648807424?s=20&t=EGHT1U-sBugzQuGGt4ZwQA
Наполи со Елиф Елмас во стартниот состав води со 2:0 против Глазгов ренџерс, Ајнрахт има предност од 2:1 со Марсеј, а во Амстердам на мечот меѓу Ајакс и Ливерпул гостите водат со голот на Мохамед Салах во 42-рата минута.