Баерн пак му пукна петарда на Плзењ, а има уште половина час за игра (Видео)

Баварската машинерија на Баерн не застанува со голови и веќе испука петарда против Викторија Плзењ и тоа за само еден час игра.

Ерик Максим Чупо Мотинг со погодок во 59. минута поповеќе од една година постигна гол во Лигата на шампионите и ја продолжи низата што ја почнаа Сане, Гнабри и Мане со голови во првото полувреме и повторно Сане во вториот дел.

Голот на Чупо Мотинг за 5:0 погледнете го ОВДЕ.

Интересно е што Баерн и даде на Викторија Плзењ пет гола и на претходното гостување на Чесите во Минхен, а тоа е случи во 2013 година.

И тогаш се играше меч од Лигата на шампионите, а Баварците славеа со 5:0, колку што денеска на „Алијанц арена“ е по само еден час игра.

 

- Оглас -

Најнови вести