Баерн пак сака да пазари од Лајпциг

Баерн Минхен може да доведе уште еден клучен играч на Лајпциг откако претходно летово го ангажира Дајо Упамекано.

Германскиот првак покажа интерес за Марсел Сабицер, капитенот на Црвените бикови, кому договорот со клубот му истекува следното лето и не сака да ја продолжи соработката.

Тренерот Нагелсман работеше со Сабицер во Лајпциг и добро е запознаен со квалитетот на австрискиот репрезентативец. Двата клуба треба да најдат заеднички јазик околу сумата за откуп, а се верува дека ќе се најде компромис меѓу 15 и 18 милиони евра.

Сабицер е член на Лајпциг од летото 2014 година, досега одигра 227 меча со учинок од 53 погодоци и 42 асистенции во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести