Баерн плаќа рекордна отштета за услугите на Нагеслман

Баерн Минхен прилично брзо го реши прашањето кој ќе биде наследник на Ханси Флик на клупата, изборот се падна на Јулијан Нагелсман. За тренерот на Лајпциг да ја прифати работата на „Алијанц арената“, Баварците издвојуваат рекордна отштета за тренер што не е карактеристично за нив.

Имено, договорена е сума од 25 милиони евра за Нагелсман како отштета бидејќи 33-годишниот стратег има важечки договор со Лајпциг до јуни 2023 година. Претходно рекордот го држеа Андре Вилаш-Боаш и Челзи при ангажамнот од Порто за 15 милиони евра во сезоната 2011/12.

Нагелсман инаку прифати петгодишен договор со сè уште актуелниот европски првак, според кој ќе заработува осум милиони евра по сезона.

Напоредно, Баерн се договори со Ханси на прекин на соработката по крајот на сезоната во Бундеслигата, кој пак ќе го чека Европското првенство, по кое треба да го замени Јоаким Лев на селекторското столче на Германија.

Од таборот на Лајпциг во меѓувреме ја потврдија разделбата со Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести