Баварскиот гигант Баерн Минхен се подготвува за првиот натпревар од плејофот за осминафиналето во Лигата шампионите против Селтик, кој ќе се одигра в среда, од 21 часот. Сепак, пред почетокот на оваа важна пресметка има нови правила за дресовите на Баерн.
Како што пренесува германскиот „Билд“, УЕФА забранила Баерн Минхен да ги носи црвените дресови во Лигата на шампионите поради проблемот со видливоста. Конкретно, црните броеви на црвената заднина не даваат доволно јасна слика за гледачите, било на ТВ-екраните, било на стадионот, што ги крши прописите на УЕФА.
Како резултат на ова, Баерн ќе го прилагоди црвениот дрес за да ги задоволи правилата и бројките и презимињата играчите ќе бидат испишани со бели букви. Оваа сезона Баерн Минхен во Лигата на шампионите носеше дресови во црна и кремава боја. Против Селтик ќе мора да носат некои од овие дресови бидејќи Шкотите ќе играат во својата традиционална зелено-бела комбинација.