Баерн победи лесно, прв гол за Мусијала после повредата (Видео)

Баерн Минхен сигурно чекори кон нова титула во Бундеслигата. Баварците и во 25-тото коло ја потврдија фаворитската улога, совладувајќи ја Борусија Менхенгладбах со убедливи 4-1.

Домаќините уште од почетокот ја презедоа контролата врз натпреварот и наметнаа силен ритам. Првата сериозна закана се случи во средината на првото полувреме кога Ленарт Карл се обиде со удар, но голманот Мориц Николас беше на висина на задачата.

Иницијативата на Баерн конечно вроди со плод во 33-тата минута. Леон Горецка испрати одлична топка зад одбраната, а Луис Дијањ излезе сам пред голманот и рутински погоди за водство од 1-0. До крајот на полувремето Баварците продолжија со нападите, а гостите ретко успеваа да излезат од својата половина.

Непосредно пред паузата, во 45-тата минута, Баерн ја удвои предноста. По центаршут од десната страна, топката стигна до Конрад Лајмер, кој од непосредна близина ја затресе мрежата за 2-0 на полувреме.

Вториот дел започна со нов проблем за гостите. Реиц заработи директен црвен картон, а Баерн доби пенал. Од белата точка сигурен беше Џамал Мусијала, кој го постигна својот прв гол оваа сезона во Бундеслигата.

Со играч повеќе на теренот, Баерн без проблем го контролираше натпреварот и во финишот стигна до четвртиот гол преку Николас Џексон. Борусија сепак успеа да постигне почесен погодок, а конечните 4-1 ги постави Моја во 89-тата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести