15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Баерн подготвува изненадувачка понуда за Тимо Вернер

Германскиот шампион Баерн Минхен може да даде изненадувачка понуда за Тимо Вернер, напаѓачот на Челзи. Германскиот репрезентативец, кој беше скапо платен, имаше многу големи утки и беше силно критикуван за првата сезона кај Сините иако тимот ја освои Лигата на шампионите.

Вернер даде 12 гола на 52 меча, но имаше и многу зачудувачки промашувања. Од Челзи се подготвени да се разделат со Вернер за да соберат пари за ангажирање на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Вернер најдобрите игри ги прикажуваше кога играше за Лајпциг, во сезоните кога тренер му беше Јулијан Нагелсман, а младиот стратег летово стана нов тренер на Баварците.

- Оглас -

Најнови вести