Баерн Минхен тргна во поход на Антоан Гриeзман и најавува дека ќе ја активира отштетната клаузула која чини неверојатни 200 милиони евра според договорот што францускиот репрезентативец го има со Атлетико Мадрид.
Ако се реализира најавениот проект на Баварците, тогаш ќе падне во вода најавениот трансфер на Гриeзман во Барселона бидејќи правилата се јасни. Кој ја плати клаузулата, тој го добива играчот во своите редови.
Се шпекулираше дека летово одличниот напаѓач на Атлетико ќе потпише за Барса, со што Каталонците само би го засилиле дрим-тимот со уште една голема ѕвезда.
Но, Баерн ќе биде голем ривал во трката за Гриeзман откако Баварците најавија голема реконструкција на тимот веќе ова лето. Пари имаат, а во најава е ангажман на неколку навистина скапи и квалитетни играчи. Го купија Лукас Ернандес за 80 милиони евра од Атлетико Мадрид, а сега пак ќе тргуваат на истото место, но за многу поголема сума што најавија дека ќе ја платат за еден од најдобрите светски офанзивци.
Коментарите се затворени.