Баерн покрај Алонсо, со недели преговара и со тренер од Премиер лигата

Германскиот гигант Баерн Минхен е во потрага по тренер за следната сезона откако пред неколку недели беше објавено дека Томас Тухел налето ќе си замине и веќе преговара со две звучни тренерски имиња.

Едното име им е добро познато на сите навивачи на германскиот тим, тоа е актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, но според магазинот „Билд“, управата има и план Б ако не се договори со Шпанецот и веќе извесно време преговара со тренер од Премиер лигата.

 

Според „Билд“, челниците на Баерн Минхен веќе неколку недели се во интензивен контакт со актуелниот менаџер на Брајтон, Роберто де Зерби.

Наводно, Италијанецот е поласкан што Баерн се интересира за него, но не брза со одлуката и тој, како и германскиот тим, сака да ги истражи сите опции.

- Оглас -

Најнови вести