Баерн постигна нешто што ниту еден тим никогаш не го направил во ЛШ

Баерн Минхен со 3:1 го победи Тотенхем и само потврди дека е најдобар тим во групата Б, каде што заврши со максимални 18 бода. Германскиот гигант овојпат имаше повеќе милост кон Тотенхем, кого во Лондон го победи со 7:2. Овојпат имаше двојно помалку голови, но повторно немаше драма и се знаеше дека Баерн ќе се радува.

Сезонава ниту еден друг клуб освен Баерн немаше максимални 18 бодови. Освен што е еден од ретките во историјата со максимален учинок во групната фаза, Баерн вечерва постави рекорд во ЛШ и на крајот заврши со 24 дадени и само пет примени голови.

Ниту еден тим во историјата на Лигата на шампионите во групната фаза од ова натпреварување не завршил со 18 бодови, а на крајот да има плус 19 во гол-разликата.

 

- Оглас -

Најнови вести