Баерн Минхен со победа ја почна новата сезона во Бундеслигата. Баварците како гости победија кај Волфсбург со 3-2, истиот резултат со кој и Баер Леверкузен триумфираше на стартот на сезонава.
Баерн водеше со 1-0 по првото полувреме, потоа Ловро Мајер со два гола им приреди шок на гостите, но најтрофејниот германски клуб имаше знаење и карактер, па на крај сепак победи со 3-2.
Томас Милер испиша историја, го одигра 709-тиот официјален меч во дресот на Баерн, а го надмина легендарниот голман Сеп Маер на првото место на бундеслигашки средби, со 474 меча.
Победничкиот гол беше дело на Серж Гнабри: