Актуелниот германски и европски првак Баерн Минхен планира во новата сезона да направи план според кој ќе може на трибините на „Алијанц арена“ да присуствуваат дури 24.000 гледачи. Бундеслигата беше прва од Топ 5 лигите кои продолжи во време на Коронавирусот, а сега е и прва која планира да ги отвори вратите за навивачите.
„Изработуваме протокол според кој ќе ги вратиме гледачите на трибините. На почетокот ќе биде доволно да има и пет илјади гледачи, но потоа нашиот план е да биде дозволен влез на 24.000 навивачи“, откри членот на бордот на директори на Баерн Минхен, Јан-Кристијан Дрезен.
Планот на Баерн не е многу сложен, ако се знае дека Алијанц Арена има капацитет од 70.000 седишта и треба да има по еден гледач на секое трето столче. На тој начин ќе се запази и дистанцата од најмалку еден и пол метар, а Баерн ќе има солидна посета и поддршка од своите навивачи кои пред Корона кризата речиси секогаш го исполнуваа стадионот до последно место.