21.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Баерн продолжува со обновување на договорите со важните алки во тимот

Германскиот гигант Баерн Минхен го продолжува процесот на обновување на договорите со дел од најважните алки во тимот на Венсан Компани. Откако е продолжена соработката со Џошуа Кимих, Џамал Мусијала и Алфонсо Дејвис, раководството на клубот се насочи кон следни тројца фудбалери.

Ветеранот Томас Милер, крилниот напаѓач Лирој Сане и дефанзивецот Ерик Даер се новите фудбалери кои преговараат за нови договори.

“Баерн е клуб кој не препушта ништо на случајности. Откако постигнавме договори со Кимих, Мусијала и Дејвис, сега отпочнуваме со следната фаза. Имаме разговори со Томас Милер, Лирој Сане и со Ерик Даер. Потоа ќе дојде ред и на Леон Горецка”, изјави директорот Макс Еберл.

- Оглас -

Најнови вести