Баерн прв тим во Европа со 50 гола сезонава, експлозија на Ајнтрахт со 7 гола за 69 минути!

Огромната победа на Ајнтрахт над Бохум од 7-2, историската прва победа за Холштајн Кил и триумфот на Баерн Минхен против Унион Берлин од 3-0, ја одбележаа попладневната програма во Бундеслигата.

Баерн стана прв тим во Европа кој сезонава има постигнато 50 голови во сите натпреварувања. Кејн даде два гола против Унион, а расположен беше и Коман со гол и асистенција.

Бохум е најслаб тим во Бундеслигата сезонава, има само 1 бод во девет кола, а денеска овој тим прими 7 голови за 69 минути игра. Потоа Ајнтрахт се смилува, па не продолжи да го уништува противникот на кој му се закануваше катастрофа и со примени 10 голови.

Холштајн Кил со 1-0 го победи Хајденхајм, што за тимот од Кил е прва историска победа во елитното германско фудбалско друштво.

- Оглас -

Најнови вести