Баерн – ПСЖ е 5:0 во европски круни, на „Луж“ финалето ќе почне со 5:5

Баерн Минхен е фаворит за освојување на европската круна според коефициентите во Sport Life, германскиот шампион е на четвртото место на вечната листа според бројот на трофеи, а ги има пет во Лигата на шампионите, но на теренот на Бенфика, на „Луж“ вечерва од 21 часот и ПСЖ ќе има силни адути, иако како клуб нема ниту еден пехар во луксузното натпреварување.

И двете екипи имаат поединци што веќе го освојувале највредниот клупски пехар во Европа и тука резултат е израмнет на 5:5.

Голманот на Пари Сен Жермен Кејлор Навас кој е повреден и веројатни нема да брани е најтрофеен од сите финалисти кои ќе бидат на „Луж“ вечерва во финалето на Лигата на шампионите.

Костариканецот има три трофеи во луксузното натпреварување и сите ги освои со Реал Мадрид. Со Кралскиот клуб сласта на победата во финален меч ја почуствува и неговиот клупски колега Анхел Ди Марија, а и Нејмар има еден пехар освоен како играч на Барселона.

Баерн вечерва може да се израмни со Ливерпул на третото место на вечната листа со шестиот трофеј во Лигата на шампионите, а има пет европски шампиони во својот тим.

И сите освојуваа по еден пехар со најтрофејниот германски тим, односно беа дел од шампионскиот состав што славеше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година во Лондон на „Вембли“.

Мануел Нојер, Хави Мартинес, Џером Боатенг, Давид Алаба и Томас Милер тогаш беа во составот што го победи лутиот ривал од Германија, Борусија Дортмунд со 2:1.

Интересно е што тогаш за противничкиот тим играше Роберт Левандовски, моментно убедливо најдобриот стрелец на Баерн и главен адут во атакот на шестата титула, што би била и прва во кариерата на извонредниот Полјак.

 

- Оглас -

Најнови вести