Баерн се држи до своите принципи: Клубот нема да се задолжува поради Халанд

Баерн Минхен е познат по тоа што не одвојува енормно високи суми за трансфер на фудбалери, па затоа од германскиот великан се изјаснија дека нема да тргнат по Ерлинг Халанд.

Одличниот Норвежанец во редовите на Борусија Дортмунд е воден од контроверзниот агент Мино Рајола, кој е познат по тоа што бара енормно високи обесштетувања за ангажман на фудбалери.

„Имаме свои принципи до кои се одржуваме, а со оглед на тоа какви финансиски барања има агентот на Халанд, ние не планираме да се задолжуваме за да го доведеме.

Без разлика за каков фудбалер станува збор, ние имаме клупска политика по којашто работиме“, изјави спортскиот директор и голманска легенда на Баерн Минхен, Оливер Кан.

Халанд за тимот од Дортмунд има дадено 58 погодици на 63 натпревари, а според последните шпекулации, Манчестер сити е најзагреан за негов ангажман.

- Оглас -

Најнови вести