23.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Баерн се навикна да победува со 4-0, па сега му дише во врат на Менхенгладбах

Баерн Минхен втор меч во низа победи со 4-0. По рафалот против Дортмунд во „Дер Класикер“ во претходното коло, сега Баварците на ист начин триумфираа на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, за седма победа во Бундеслигата по 12 кола.

Германскиот првак преку Павар ја отвори средбата во 11-тата минута, а до паузата во листата стрелци се запишаа уште Толисо и Гнабри. Ако дилемите не беа разрешени во последните дваесетина минути од мечот, Кутињо се погрижи за тоа со неговиот гол за зголемување на предноста на 4-0, воедно поставувајќи го конечниот резултат.

Баерн со овој резултат успеа да се доближи до првата позиција на табелата на само еден бод, бидејќи лидерот Менхенгладбах загуби со 2-0 на гостувањето кај Унион Берлин. Баварците имаат 24, Гладбах 25 бода.

Останати резултати од 12-тото коло во Бундеслигата:

Баер Леверкузен 1-1 Фрајбург, Ајнтрахт Франкфурт 0-2 Волфсбург, Вердер Бремен 1-2 Шалке 04.

- Оглас -

Најнови вести