Покерот на Левандовски го уништи сонот на Херта за подвиг во Минхен (Видео)

Роберт Левандовски постигна четири гола за Баерн Минхен и спречи сензационален камбек на Херта во Минхен. Во возбудлив меч Баерн победи со 4:3.

Херта беше на прагот на голем подвиг и успеа двапати да се врати од негатива, најпрво од 0:2, потоа и од 2:3, но не освои бод на „Алијанц арената“.

Левандовски беше расположен за игра и успеа во финишот на првото полувреме да го постигне првиот од покер-головите против тимот од Берлин.

Првиот стрелец во ланското издание на Бундеслигата пак погоди во 51-вата минута и се чинеше дека Баерн лесно ќе ги освои бодовите како рехабилитација за поразот од 1:4 од Хофенхајм во минатото коло.

 

Но, гостите се разбудија и Херта по еден час игра намали на 1:2 со голот на Џон Кордоба.

Само 11 минути подоцна и Куња погоди, а Херта израмни на 2:2, со најава за чудесен пресврт кај шампионот.

Но, повторно Левандовски беше прецизен и со трет гол на мечот во 85-тата минута најави дека бодовите остануваат во Минхен, а иако Херта израмни на 3:3, со нов погодок Полјакот ја запечати победата на Баерн.

 

- Оглас -

Најнови вести