Управата на Баен Минхен се уште е во потрага по тренер за следната сезона и денеска ново име исплива како можен наследник на Томас Тухел, и тоа какво – Зинедин Зидан, објави шпанскиот весник „Марка“.
Според „Марка“, челниците на Баерн Минхен деновиве имале средба со агентот на Зидан кој од 2021 година кога си замина од клупата на Реал Мадрид, е без ангажман.
Баварците сметаат дека Зидан е идеалното решение за следната сезона на клупата која на крајот од оваа сезона ќе остане празна бидејќи Томас Тухел одамна се договори да си замине.
https://twitter.com/centregoals/status/1779465168239448317
Покрај Зидан, германските медиуми шпекулираат и со уште неколку тренерски имиња како, Јулијан Нагелсман, Роберто де Ѕерби, Ханси Флик и Жозе Мурињо.