Раководството на Баерн Минхен е сериозно заинтересирано во своите редови да го доведе Хари Кејн. Управата на Баварците дала зелено светло за ангажманот на англискиот напаѓач, и тоа за без пари бидејќи неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона.
Германските медиуми велат дека преговорите меѓу овие две страни ќе започнат пред самиот старт на Светското првенство во Катар.
Кејн уште минатата сезона изрази желба да си замине од Тотенхем во клуб којшто има шампионски амбиции, а во тој случај тоа беше Манчестер сити, но тој трансфер пропадна.
Сега Баерн е заинтересиран за класичен напаѓач бидејќи таа позиција е испразнета со заминувањето на Роберт Левандовски. Иако во тимот дојде Садио Мане од Ливерпул, тој не е класичен напаѓач како Кејн.