Баерн шокиран во првата и последната минута од мечот

Баерн Минхен пропушти шанса да се искачи на чело на табелата во Бундес лигата, откако одигра само 2:2 на гости кај Аугсбург. Актуелниот првак беше голем фаворит против тимот кој поради близината го има епитетот на локален ривал.

Дека нема да му биде лесно на гостинот се виде уште на самиот старт. Аугзбург поведе уште во првата минута со голот на Рихтер, но веќе во 14 минута Левандовски израмни на 1:1. Во вториот дел Гнабри покажа дека уште е во одлчна гол форма. Со одличен шут, Гнабри стигна до деветиот погодок во последните 10 меча на кои игра (за Баерн и германската репрезентација) и донесе радост на гостите за 2:1.

Кога се чинеше дека Баерн ќе стигне до трите бода, следуваше шок за фаворитот. Финбогасон постигна гол во 92 минута за конечни 2:2.

Во останатите мечеви кои се играа попладнево во Бундеслигата: Фортуна – Мајнц 1:0, Лајпциг – Волфсбург 1:1, Унион Берлин – Фрајбург 2:0, Вердер Бремен – Херта 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести