Баерн си купи 16-годишен талент од Хамарби, ќе потпишат тригодишен договор

Германскиот гигант Баерн Минхен победи во трката за ангажман на тинејџерот Матео Перес Винлоф и успеа да постигне договор големиот талент на Хамарби да се пресели во Баварија и да потпише тригодишен договор.

Матео има само 16 години и велат дека е екстра-талент, а игра на позицијата лев бек.

За него покрај Баерн, заинтересирани беа уште неколку познати европски екипи, но Баварците беа најбрзи и најконкрентни и успеаја да го убедат тинејџерот да дојде во редовите на најтрофејната германска екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести