Баерн слави роденден, на Келн црно му се пишува

Најголемиот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, денеска прославува 121-годишнина од своето формирање. Баварскиот клуб кој е актуелен европски и германски шампион, постои од 27-ми февруари 1900 година, и играчите на Баерн попладнево од 15.30 часот против Келн ќе бидат екстра мотивирани да победат.

Ова ќе биде вкупно 100-ти меѓусебен дуел на Баерн и Келн, а Баерн оди по 53-тата победа. Келн повеќе порази има само од нивниот вечен и најлут ривал Борусија Менхенгладбах.

Јарците од Келн особено треба да се плашат од Роберт Левандовски, кој на 22 меча против Келн, има дадено дури 26 гола, што е просек од над еден гол по натпревар. Квотата во Sport Life дека Полјакот ќе даде гол е 1.30.

И други бројки говорат за доминацијата на Баерн во дуелите со Келн. На последните 13 нивни пресметки, Баерн има 12 победи, а еднаш било нерешено.

- Оглас -

Најнови вести