Баерн слична бламажа доживеа пред 23 години, а остана и без клучен играч од одбраната (Видео)

Екипата на Баерн Минхен доживеа сензационална елиминација од Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен. Вакво нешто Баварците немаат доживеано цели 23 години, откако во 2000 година беа елиминирани од тогашниот четвртолигаш Магдебург. Интересно, и елиминацијата од Сарбрикен и онаа од Магдебург се случија на ист датум – први ноември.

За да биде болката во редовите на Баерн Минхен уште поголема, на дуелот против Сарбрикен се повреди и еден од клучните одбранбени фудбалери, Матајс де Лихт, кој заработи повреда на лигаменти и ќе отсуствува од терените неколку месеци.

- Оглас -

Најнови вести