Баерн со 15 милиони евра по сезона го убеди Алфонсо Дејвис да потпише нов договор

Канадскиот интернационалец од Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, е на прагот да потпише нов договор со клубот, кој ќе трае до летото 2030 година. Според информациите од Германија, со новиот договор тој ќе добие драстично зголемување на неговата плата, која ќе изнесува 15 милиони евра годишно.

Договорот на Дејвис со Баерн Минхен му истекува во јули 2025 година, а клубот сака да го задржи подолг период. Во минатото се појавија вести дека Реал Мадрид се интересира за неговите услуги и размислуваше да го доведе како слободен агент следното лето.

Оваа сезона Дејвис има одиграно 23 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести