Баерн со еден потег претстави три засилувања

Баерн Минхен уште во текот на минатата сезона имаше договорено тројца нови играчи, кои беа претставени денеска, на денот на почетокот на летниот преоден рок. Францускиот репрезентативен бек Бенжамен Павар ќе го носи дресот со бројот 5, кој досега беше за Матс Хумелс, играчот кој се врати во Борусија Дортмунд.

Досегашниот играч на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандес ќе игра во дресот со бројот 21, додека големиот талент на германскиот фудбал, Фете Арп ја доби 15-ката.

https://twitter.com/FCBayern/status/1145613822352404480

Баерн во новата сезона ќе биде без легендарните Арјен Робен и Франк Рибери, кои си заминаа, па сигурно е дека најтрофејниот клуб во Германија ќе доведе уште неколку нови играчи во пресрет на новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести