Баерн сочувствува со жртвите од терористичкиот напад, откажана е божиќната прослава (Видео)

Баерн Минхен со убедлива победа над Лајпциг од 5-1 ја заврши 2024-тата година, а после мечот беше предвидена божиќна церемонија на „Алијанц арената“. Сепак, директорот на „баварците“, ја прекина прославата и повика публиката да оди дома, бидејќи не е време за славење, поради терористичкиот напад кој се случи во Магдебург на божиќниот пазар.

„Оваа церемонија требаше да биде среќна, но во овој момент тоа не е можно. Би сакал сега сите да се сетите на вашите семејства.“ – порача Дресен.

- Оглас -

Најнови вести