Баерн стана светски клупски првак, но останува мистерија дали ВАР згреши (Фото)

Баерн Минхен минимално со 1:0 го победи Тигрес од Мексико во финалето на Светското клупско првенство. Европскиот првак беше подобар тим, но Тигрес даде одличен отпор, па на крајот не можеше да направи сензација.

Бенџамин Павар во 59-тата минута го даде голот вреден нова титула за Баерн Минхен. По постигнувањето на погодокот, помошниот судија покажа дека имало офсајд, но по консултација со ВАР-собата, погодокот беше признат. Голот може да го видите ТУКА.

Сепак, многумина не се согласуваат дека голот на Баерн е регуларен и се прашуваат дали Левандовски со рамото не бил во офсајд позиција. По оваа победа, Баерн сега во свој посед ги има титулите во Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот, Лигата на шампиони, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести