Германскиот гигант Баерн Минхен стигна до тринаесетката, а денеска Ајакс треба да им ја направи баксузна на Баварците во мечот што ќе се игра на „Алијанц арената“ од 21 часот.
Баерн има импресивна серија од 12 победи на домашен терен во мечевите од групната фаза во Лигата на шампионите и е неприкосновен на свој терен во луксузното клупско натпреварување.
И денеска Баварците се големи фаворити, но Ајакс со победата од 3-0 против АЕК во првото коло, покажа дека е калибар за Лигата на шампионите.
Проблем за гостите од Амстердам во обидот да ја направат тринаесетката баксузна за Баерн се повредите на клучните играчи. Хаким Зијех, кој е прогласен за најдобар играч во холандската лига, е повреден и неговиот настап е неизвесен, исто како и на најдобриот напаѓач на тимот, Френки де Јонг.
Ако овие двајца фудбалери не играат, шансите на Ајакс за подвиг во Минхен ќе бидат драстично намалени, па Баерн би бил многу блиску до продолжување на блескавата серија победи на домашен терен во ЛШ.