Екипата на Аугзбург славеше со 2:0 во дуелот против Борусија Дортмунд, што секако е најголемо изненадување во новата сезона од Бундеслигата. Гостите имаа огромна доминација на теренот, но тоа не им помогна да се спасат од пораз.
Џабе на Борусија беше преку 70 отсто поседот на топка, 15-те упатени удари од кои седум во рамките на голот на Аугзбург и дури 10-те изведени корнери. Аугзбург имаше два прецизни удари кон голот на гостите и двата беа претворени во погодоци.
Победата на домаќините ја најави Удуохи со погодок во 40 минута, а Калигули зголеми на 2:0 во 54 минута. Борусија залудно напаѓаше и на крајот поразена си замина од гостувањето кај помалку познатиот тим од Баварија, област во која владетел е Баерн Минхен.
Во останатите мечеви кои се играа попладнево во Бундеслигата: Арменија Билефелд – Келн 1:0, Баер Леверкузен – Лајпциг 1:1, Борусија Менхенгладбах – Унион Берлин 1:1, Мајнц – Штутгарт 1:4.