Баерн тргна да слави титула, а Лајпциг израмни во последен момент и го одложи славјето (Видео)

Баерн Минхен имаше водство на гости Лајпциг со 2-3, со спектакуларен пресврт во второто полувреме и чекаше крај за да почне да ја слави титулата. Но, Јусуф Полсен со гол во 95-тата минута израмни на 3-3 и го одложи славјето.

Баерн со ова реми е речиси шампион, но математички сепак тоа ќе мора да го осигура во наредното коло.

Бењамин Шешко во 11-тата минута донесе водство за Лајпциг, а Клостерман во 39-та зголеми на 2-0.

Во вториот дел следеа минути за Баерн. Ерик Даер намали во 62-та минута, а Мајкл Олисе само една минута израмни на 2-2.

Лирој Сане во 83-та минута се погрижи за целосен пресврт и кога сите мислеа дека Баерн ќе ја освои титулата, Јусуф Полсен погоди за конечни 3-3.

Голеада имаше и на мечот меѓу Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм кој заврши 4-4, а Штутгарт на гости славеше против Сент Паули со 0-1. Унион Берлин и Вердер одиграа 2-2.

- Оглас -

Најнови вести