Баерн тргнува по потписот со ѕвезда на Манчестер сити

Управата на Баерн Минхен откако донесе конечна одлука да го ангажира Венсан Компани за нов тренер, почна да размислува за засилувањата кои планира да ги ангажира во летниот преоден рок и прва желба е ѕвезда на Манчестер сити.

Англискиот таблоид „Сан“ пишува дека англискиот репрезентативец и член на Манчестер сити, Џек Грилиш е на мета на Баерн Минхен.

Баварците веруваат дека имаат доволно адути да го привлечат Грилиш во Минхен. Тие му нудат можност да игра заедно со колегата од репрезентацијата Хари Кејн, а исто така му нудат и стандардно место во првиот тим, нешто што го нема во Сити.

Грилиш е под договор со Манчестер сити до 2027 година и сигурно е дека Граѓаните ќе бараат голема сума на пари за да го пуштат да си замине. Тој во Сити пристигна 2021 година во трансфер вреден 117 милиони евра.

Грилиш во дресот на Манчестер сити одигра 125 натпревар и постигна 14 гола, а има и 18 асистенции и ги освои сите трофеи што може да се освојат.

- Оглас -

Најнови вести